dispeceri.mk
Ресурси / Прв ден како диспечер: што да очекуваш
Водич

Прв ден како диспечер: што да очекуваш

7 мин. читање · 12 август

Првиот ден најчесто поминува во обука за интерните процеси на компанијата и креирање пристап до TMS системот. Не е очекувано веднаш да работиш самостојно — повеќето компании имаат сенка-период од неколку дена до две недели.

Ќе седиш до искусен диспечер и ќе слушаш реални разговори со возачи и брокери. Земи белешки за скратениците и внатрешните процедури — секоја компанија ги користи малку поинаку.

До крајот на првата недела, реално е да очекуваш дека ќе управуваш со неколку товари самостојно, со поддршка на тимот при потешки ситуации.