dispeceri.mk

Ресурси / Речник на dispatch поими за почетници

Индустрија

Речник на dispatch поими за почетници

9 мин. читање · 4 август

TMS (Transportation Management System) е софтверот преку кој се следи секое товарење. BOL (Bill of Lading) е транспортниот документ што го придружува товарот — потврда дека стоката е примена.

POD (Proof of Delivery) е потврда дека товарот е испорачан — потпишан документ или фотографија. Detention е времето што возачот го чека на утовар/истовар над договорениот лимит, за кое обично се наплатува надомест.

Broker е посредникот што го наоѓа товарот за превозникот. Dispatcher е лицето (тоа си ти) што го координира секојдневното движење на возилата и комуникацијата со возачите и брокерите. Овие неколку поими ќе ги слушаш секој ден.